Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Globalna finansiska kriza (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А
П О П Р Е Д М Е Т О Т
ВОВЕД ВО ЕКОНОМСКА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА
ТЕМА : ГЛОБАЛНА ФИНАНСИСКА КРИЗА
М Е Н Т О Р : И З Р А Б О Т И :
Вовед
Појавата на новата меѓународна финансиска криза кон крајот на 2008 год. повторно го наметна прашањето на неможноста на капиталистичкиот начин на производство,на системот на пазарна економија да се развива без појава на мали, поединечни, регионални кризи и на убиточни меѓународни кризи каква што беше кризата на хиперпродукцијата во времето 1929 до 1934 год. и сегашната финансиска криза. Во меѓувреме се јави и кризата на суровини, на нафтата, на берзите, на презадолженоста итн. Посебно појавата на позначајни регионални или меѓународни економски кризи секогаш наметнува неколку прашања: кои се причините за појава на кризата, кои се последиците од нив, нивните сличности и разлики, начинот и средствата на борбата против последиците од тие кризи и прашањето дали се тие нормална појава во капитализмот или се резултат на неадекватно конципираниот капиталистички систем. Поточно дали се адекватно формулирани карактеристиките на Меѓународниот економски поредок, на Меѓународниот монетарен систем и односи, на системот на меѓународните економски односи и размена на Меѓународниот финансиски пазар итн. дали се резултат на длабинската криза на капитализмот којшто евалуира од т.н чист систем на пазарна економија до државен интервенционизам и обратно. Исто така, се поставува прашањето дали сегашниот систем на пазарна економија не е пречка за натамошниот развиток на капитализмот, поточно за развитокот на глобалната економија, еволуцијата на системот на информирање, на електроника, на техника и технологија, системот на правичното и регуларно богатење итн. Се повеќе, во современиот свет доаѓа до израз дефиницијата за кризата на капитализмот формулирана од Карл Маркс во XIX век. Позната е дефиницијата на кризата на Марк на капитализмот: „Криза на односот помеѓу општествениот карактер на процесот на производство и приватното присвојување.“
Состојбата пред кризата
Пред кризата на пазарите постоеше оптимистичка атмосфера. Пазарот на недвижнини се стекнуваше со постојан пораст на цените. Цената на нафтата бележеше постојан пораст паралелно на зголемената побарувачка. Цената на еден барел нафта во јули достигна 147 долари. Како последица на порастот на цената на нафтата и сушата дојде до зголемување на цените што резултираа со криза. Поради порастот на цените на становите во САД, банките со обезбедување кредити на овој сектор планираа високи заработувачки. Дури клиентите чија моќ на отплаќање беше мала можеа да ги користат овие кредити. Оние коишто купија станови на кредит, како резултат на зголемената вредност на купениот стан, со истиот во вид на гаранција подигнуваа нови кредити. На пример, доколку еден стан или куќа чија вредност изнесува десет илјади долари, целосно беше откупен со кредит, евентуалниот пораст на цената од педесет и еден насто, ја зголемуваше цената на куќата на 15 илјади долари, на тој начин клиентот се стекнуваше со дополнителни пет илјади долари гаранција и шанса за подигнување нов кредит. Банктите коишто даваа кредити , без да чекаат да се отплатат кредитите, покажувајќи ја вредноста на становите коишто се наоѓаа под хипотека на пазарот изнесуваа обврзници и на тој начин од пазарот се стекнуваа со нови материјални извори и даваа нови кредити. Обврзниците коишто беа откупувани на штедачите им се продаваа во вид на фондови. Кога дојде до намалување на цените на становите во САД, овојпат клиентите со мала моќ на отплаќање се соочија со сериозни проблеми, така што на оние коишто не можеа да ги отплатат кредитите од страна на банките им беа одземани становите. Паѓањето на цените на становите предизвика паѓање на вредноста на обврзниците кои се базираа на становите. Ваквата состојба пак предизвика финансиските институции коишто ги купија обврзниците да се најдат во тешка состојба. Бидејќи не дојде до менување на одговорноста на финансиските институции при отплаќањето на заработувачката на штедачите, а како последица на изгубените вредности на банките, овојпат дојде до загуба во основните средства и главнината поради што настапија тешкотии во капиталот и готовината.
...
--------------------------------OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.----------------------------------------------------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!